Македонија 01. март 2020. / 19:35

На јужната граница состојбата е непроменета, полицијата е присутна и подготвена

На јужната граница состојбата е непроменета, полицијата е  присутна и подготвена

Состојбата на нашата јужна граница е непроменета. Полицијата е постојано присутна и подготвена, а граѓаните немаат причина за загриженост, посочуваат од Министерството за внатрешни работи.

-Состојбата на јужната граница е непроменета. Имаме стандардна бројка на обиди за нелегален влез во нашата држава. Граѓаните немаат причина за загриженост. МВР, односно нашата полиција е подготвена и постојано присутна на јужната граница. На нашите полициски службеници веќе неколку години им помагаат и полициски службеници од неколку пријателски држави и со заеднички сили се справуваме со сите нелегални обиди за влез, вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски во изјава за медиумите.