Македонија 30. април 2020. / 13:52

На избори ќе се оди со маски, митинзи нема да има, вели Николовски

На избори ќе се оди со маски, митинзи нема да има, вели Николовски

Со заштитни маски и ракавици граѓаните ќе одат на гласање, кога ќе се спроведат парламентарните избори, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, одговарајќи на новинарско прашање дали се размислува како ќе се организираат изборите, во период кога граѓаните сѐ уште мора да носат заштитна опрема и да ги следат препораките за заштита од коронавирусот.

Тој додаде дека ќе се почитуваат сите протоколи за држење растојание и носење заштитна маска, а митинзи нема да има.

-Сериозното, одговорно и навремено преземање на мерки и политики од страна на државата и почитување на мерките придонесува да се стави оваа криза под контрола. Се намалуваат бројот на новозаразени и се зголемува бројот на оздравени. Тоа го наметнува прашањето на враќање во нормала на секојдневниот живот. Одржување на растојание од 2 метри и користење на маски ќе останат секојдневие и понатаму. Тоа значи и во контекст на изборниот процес, дистанцата и заштитните маски ќе бидат дел и од изборите, вклучувајќи и други медицински протоколи. Ќе се избегнуваат сите јавни и масовни собири и ќе се користат дигиталните и електронските алатки во кампањата и комуникацијата со граѓаните, рече генералниот секретар Николовски.