Македонија

(Видео)На Џафери му се брза: Партиите да не условуваат, туку да достават предлози до ДИК

(Видео)На Џафери му се брза: Партиите да не условуваат, туку да достават предлози до ДИК

Партиите да не условуваат туку да достават предлози за членови и претседател на Државната изборна комисија , како што се обрзаа, порача претседателот на Собранието Талат Џафери. Согласно надлежностите, тој вели дека може да свика седница, но тоа би било залудно ако нема меѓупартиски договор затоа што е потребно двотртинско мнозинство за да се избере новиот состав на ДИК.

– Разрешница за ДИК е политичките партии да донесат одлука да излезат од условите што ги поставуваат во однос на обврските кои ги имаат преземено. Јас немам потреба да чекам, не е мој проблем што бара ВМРО-ДПМНЕ, Собранието има процедура, партиите се обрзаа , консензуално ги донесоа измените на Изборниот законик за избор на ДИК. А за другите барања и потреби кога ќе има договор , не е пречка Собранието и тоа да го реализира, рече Џафери.

Во однос на указот на законот за ратификација на Договорот со Грција , кој претседателот Иванов не го потпиша и го врати до Собранието, Џафери вели дека ќе го испрати до „Службен весник“, но не прецизира кога ќе се случи тоа бидејќи нема рок.