Пред неколку дена Владата го назначи поранешниот премиер Владо Бучковски специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.
На социјалните мрежи денеска се појави натпис кој вели дека на денешен ден пред 12 години Владо Бучковски бил осуден на 3 и пол години затвор заради случајот наречен „делови за тенкови“.
Денеска, Бучковски е во посета на Софија како претставник на македонската Влада. Во изјава за БГНЕС, тој порача дека доаѓа во оваа земја со добра волја и како голем пријател.