Македонија 30. јануари 2019. / 14:16

На анкетите на СДСМ води Пендаровски: Ќе го кандидираат ли за претседател?

На анкетите на СДСМ води Пендаровски: Ќе го кандидираат ли за претседател?

Од внатрепартиската анкета која СДСМ ја спроведува меѓу граѓаните за да оцени кој од кај нив има најголем рејтинг за да биде кандидат за претседател на Македонија, резултатите покажале дека на прво место е Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, објави ТВ21.

Се чини дека кандидатот од претходните избори од пред пет години повторно е најприфатлив кандидат за шеф на државата за гласачите. Ова го покажува анкетата на СДСМ направена во јавноста, а за ТВ21 го потврдуваат партиски извори. Но, иако во јавноста најголема поддршка има Пендаровски, внатре во партијата состојбата е поинаква. Како што извори за телевизијата, во СДСМ најголема поддршка од раководството има Оливер Спасовски, актуелен министер за внатрешни работи. На крајот финалето на изборот се сведува на еден од овие двајца.