Македонија 13. септември 2019. / 10:51

На аеродромот во Белград е уапсен Љупчо Палевски

На аеродромот во Белград е уапсен Љупчо Палевски

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски вчера е уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград – дознава Лидер од извори во српското МВР.

Како што дознаваме Палевски е задржан на аеродромот од каде што сакал да се качи на авион за Москва.

Причината за апсењето е потерница од Хрватска која е издадена поради стопански спор кој неговата компанија од Задар го водела со партнери.

Затоа што веќе неколку години Палевски не е во Хрватска, тој не се појавувал на суд во овој граѓански спор, по што била издадена потерница за да се обезбеди негово присуство на суд.

Во овој момент тој е задржан во притвор по што српските власти ќе одлучуваат дали ќе го испорачаат на Хрватска, ќе го вратат во Македонија или ќе му дозволат да го продолжи своето патување кон Москва.

Палевски во македонската јавност е познат и по неговите политички активности. Тој е поранешен претседател на градската организација на СДСМ, а сега е дел од партијата на Солза Грчева „Глас за Македонија“, каде што е генерален секретар.