Македонија 09. април 2020. / 16:50

МВР со објаснување за лицата на кои им завршува државниот карантин

МВР со објаснување за лицата  на кои им завршува државниот карантин

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека лицата кои се во државен караантин и кои за време на викендот треба да го напуштат, на полициските службеници ќе треба да им достават име и презиме на лицето кое ќе треба да ги земе, како и податоци за неговото возило.

– Лицата сместени во државен карантин, а кои треба да го напуштат државниот карантин, за време на викенд, кога е ограничено движењето, или пак се од градови каде има ограничување на движење преку целата седмица, ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лице и податоци за возило кое ќе дојде да го изврши транспортот. Полициските службеници имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото кое ќе дојде по нив, се наведува во известувањето од МВР