Македонија 13. ноември 2018. / 22:52

МВР распиша меѓународна потерница за Груевски

МВР распиша меѓународна потерница за Груевски

Основниот суд Скопје 1 го издаде Решението, а МВР распиша меѓународна потерница за осудениот Никола Груевски. Потерницата веќе е објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи. По ова Груевски ќе го бара и Интерпол.

Поранешниот премиер Никола Груевски вчера се бараше на територијата на Република Македонија, а денес со статус на Фејсбук објави дека е во Унгарија и дека ќе бара политички азил.

По ова веста официјално беше потврдена и од македонското МНР и МВР. Груевски е осуден на затворска казна од 2 години за незаконската набавка на мерцедес, а против него се водат уште неколку постапки.

Утре во Основниот суд Скопје 1 е закажано рочиште за случајот „Титаник“, во кој обвинет е и бегалецот Груевски.