Македонија 29. август 2018. / 15:10

МВР потпиша меморандум со Министерството за енергетика на САД

МВР потпиша меморандум со Министерството за енергетика на САД

Во духот на веќе докажаното партнерство министерството за внатрешни работи и министерството за енергетика на САД потпишаа меморандум за разбирање.

Меморандумот го потпишаа министерот Оливер Спасовски и амбасадорот на САД Џес Бејли, а со истиот ќе се зајакнат партнерските напори за спречување на нелегалната трговија на нуклеарни и радиоактивни материјали.

Амбасадорот Бејли рече дека во насока на заедничкото партнерство во ноември годинава ќе бидат донирани две комбиња со системи на мобилна детекција и поврзана опрема во износ од 550 000 американски долари.