Поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, не и на територијата на нашата држава, информираа за МИА од МВР.
Откако беше објавено дека на границата на Србија со Северна Македонија кај Прешево, почнало поставување жичана ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања.
Од МВР за ова прашање за повеќе информации упатуваат на Амбасадата на Република Србија во нашата држава.