Македонија 19. март 2020. / 10:53

МВР најави итни набавки на заштитна опрема поради корона вирусот

МВР најави итни набавки на заштитна опрема поради корона вирусот
МВР воримираше кординативно тело пртоив коронавирусот 14 март 2020

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе набавува заштитна опрема за справување со корона вирусот.

Информираат дека согласно актуелната здравствена и безбедносна ситуација, како и непредвидливоста на идните настани, ќе има повремени потреби од итни набавки на маски, ракавици, наочари, средства за дезинфекција.

– Заштитните средства ќе биде потребно да се набавуваат со постапка со преговарање без објавување на оглас од причини на крајна итност, согласно член 55 став 5 од ЗЈН, доколку директно се загрозени безбедноста, животот и здравјето на луѓето, велат од МВР.

Ги повикуваат сите економски оператори кои имаат можност да понудат некои од заштитните средства потребно е да достават е-маил на [email protected] како би биле внесени во листата на оператори до кои ќе се доставуваат покани, додаваат од министерството.