Македонија 25. февруари 2019. / 16:19

МВР ќе купува сокови во вредност од 325 илјади евра

МВР ќе купува сокови во вредност од 325 илјади евра

Министерството за внатрешни работи планира да троши 325 илјади евра за сокови. На официјалната страна на системот за јавни набавки има објавено оглас од страна на Министерството за внатрешни работи во износ од 20.000.000 денари за сокови природни и газирани.

Имено, во делот на предмет на договорот за јавни набавки стои сокови, газирани и негазирани додека во делот проценета вредност без ДДВ стои вредност од 20.000.000 денари или претворено во евра 325 илјади евра.