Македонија 21. октомври 2018. / 23:05

МВР го демантира Курир дека се случил инцидент кај селото Глуво

МВР го демантира Курир дека се случил инцидент кај селото Глуво

По информација објавена на Курир за инцидент во селото Глуво со демант излегоа од Министерството за внатрешни работи.

Во продолжение Ви го пренесуваме интегрално демантот од МВР:

„Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира злонамерните невистини објавени од порталот Курир во текстот „Ексклузивно: Две возила од Косово полни со оружје влегле во Македонија – МВР знае, но сепак молчи?! “

Таков настан се нема случено и очигледно е дека станува збор за лажна вест. Министерството за внатрешни работи бара од одговорните лицa на порталот „Курир“ да биде објавен демант со кој категорични се негираат изнесените лажни информации во овој текст.

Бараме овој текст базиран на лаги и со очигледна цел да ја вознемири јавноста, а објавен во 19:24 часот на 21 октомври 2018 година да биде повлечен и да биде објавено извинување.“