Министерство за внатрешни работи доби финансиска помош од Чешка во висина од милион евра. Донацијата ќе биде искористена за зајакнување на капацитетите на граничната служба, борбата против организираниот криминал и воздухопловниот сектор. Како што истакна министерот Спасовски, со оваа донација се проширува опсегот на меѓусебната соработка со Чешката Република, а со овие средства ќе се зајакнат техничките служби, со посебен акцент на миграционата политика.
МВР доби финансиска помош од Чешка
