Македонија 06. август 2018. / 09:54

МВР денеска се очекува да соопшти детали од инцидентот на ,,Мечкин Камен,, за Илинден

МВР денеска се очекува да соопшти детали од инцидентот на ,,Мечкин Камен,, за Илинден

Денеска се очекува МВР да соопшти детали од истрагата и сослушувањето на лицата кои на Илинден на Мечкин Камен, организирана од претседателот Ѓорѓе Иванов предизвикаа инциденти.

Пред се со владината делегација и претставниците на дипломатскиот кор во земјава.

На распит биле повикани десетина лица, и ако се утврди одговорност , велат од МВР, ќе бидат доставени соодветни поднесоци.

Во меѓувреме, дисциплинската комисија на министерството за одбрана се очекува да го потврди и да го санкционира учеството на професионалниот војник во овој инцидент.