Македонија 27. февруари 2020. / 21:00

Мухамед Зекири: Целта ми е СДСМ да направи влада без ДУИ

Мухамед Зекири: Целта ми е СДСМ да направи влада без ДУИ

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири сака неговата партија да формира Влада без ДУИ.

Зекири е гостин во Телма телевизија каде не штеди зборови против коалициониот партнер во Владата.

Зекири истакна дека негова цел е СДСМ да направи Влада во која нема да биде ДУИ.

За потсетување, по изборите во 2016-та година Заев немаше да формира Влада ако не направи коалиција со ДУИ и Алијанса.

Останува да видиме дали ветувањето на Зекири дека ќе работи во насока на тоа СДСМ да ги исфрли ДУИ од коалицијата, ќе ја разнишаат Владата и пред изборите.