Македонија 15. март 2021. / 09:28

Муцунски: Постојат шанси Македонија да стане дел од Европската унија

Муцунски: Постојат шанси Македонија да стане дел од Европската унија

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во денешното гостување во „Утро со Златев“ на Радио Лидер, рече оти верува дека и покрај ситуација со Бугарија постојат шанси Македонија да стане дел од Европската унија.

„Колку што зависи од земјите членки, толку зависи од тоа што ние ќе го правиме дома. Замислете Норвешка или Исланд да посакаат да бидат дел од ЕУ, нема да има препрека, веројатно со отворени раце ќе бидат пречекани како следни земји-членки на ЕУ, затоа што во тие земји системот функционира. Апсорбцијата на таква земја не е тешка, вие нема да увезете проблем, вие ќе увезете една земја којашто е кредибилен партнер, којашто е економски силна“, смета Муцунски.

Тој посочи дека доколку навистина ја донесеме Европа дома, но не низ планови на хартија, политичарите треба да се однесуваат на современ и европски начин бидејќи политичарите претставуваат пример.