Македонија 15. март 2021. / 09:31

Муцунски: Политичарите да ги тргнат рацете од правосудниот систем и јавната администрација

Муцунски: Политичарите да ги тргнат рацете од правосудниот систем и јавната администрација

Во денешното гостување во „Утро со Златев“ на Радио Лидер, зборуваше за законската рамка која Македонија ја има за справување со криминалот и корупцијата во државата.

На прашањето кои се решенијата кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во однос на корупцијата и како би се разликувала од сегашната власт во справувње со корупцијата во Македонија, тој смета дека проблемот треба да се реши со примената на законите.

-Не е толку многу во решението во промена на законот. Ние имаме добра законска рамка за борба против висок криминал и корупција. Првиот проблем којшто го имаме е примената на тие закони, и тоа граѓаните најдобро го знаат. Знаат дека едно често гледаат на хартија, а кога ќе се соочат со институциите и системот, примената некако се разликува со тоа што го има на хартија, вели Муцунски.

Тој смета дека треба да се постави една рамка на свесно и квалитетно применување на правна предвидливост.

-Политичарите да ги тргнат рацете од правосудниот систем и од јавната администрација и да покажат дека навистина тие институции можат да постапуваат независно и дека нема никакво влијание од политичките партии, реце Муцунски.

Исто така смета дека и покрај тоа што правосудните институции велат дека немаат влијание, тие сепак постапуваат само против тие којшто не се припадници на политичката партија на власт.

Како пример го посочи непостапувањето на Јавното Обвинителство околу предметот за промената на поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни фондови.

-Еден голем антикорупциски чекор беше промената на  поранешната директорка на Агенцијата за европски образовни фондови, госпоѓата Лидија. Месеци поминаа, но каде е Јавното обвинителство со постапувањето на тој предмет кадешто и претставниците на власта јавно на неколку прес-конференции признаа дека тука очигледно имаме висока корупција и злоупотреба на јавни средства и средства од европска унија, вели Муцунски.