Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во денешното гостување на Канал 5 телевизија истакна дека имаме обвинителство кое отвара постапки само за лица поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, над 700 предмети, а за скандалите на власта се молчи и не се отваарат предмети.
Тој вели дека владата има лицемерна политика, политиката на „ќе сториме“, му носи само поголем рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ како што се покажува на анкетите.
Во реплика кон советникот на премиерот Бојан Маричиќ тој вели дека кога власта нема одговор на корупцијата и на проблемите Груевски се актуелизира и сите прашања се за Никола Груевски.
Денеска беше многу тажен ден за македонската демократија. Ние имаме обвинителство кое отвара постапки кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, а целосно ги игнорира секојдневните скандали кои се случуваат, патем и самиот јавен обвинител пред неколку месеци отвори скандал за масовно прислушкување кое се вршело во јавното обвинителство и судството и сетоа тоа се трга настрана и фокусот е на ВМРО-ДПМНЕ, фокусот е на Димитар Димовски кои држеше прес за насилно однесување на скопски градоначалник, вели Муцунски.
Тој објасни дека има низа предмети за лица од ВМРО-ДПМНЕ, а минорен број предмети за власта, пример е градоначалникот на Ново Село кој бегаше по меѓународна истрага за шверц на цигари, а не одлежа ниту еден ден затвор.
Треба да ставиме крај на таквото однесување имаме специјален обвинител кој денеска се дрзнува да кажува што треба да прави Советот на јавни обвинители или Собранието на Република Македонија, во оваа држава нема владеење на правото, вели Муцунски.