Македонија 17. јануари 2020. / 23:01

Муцунски: Ако има вистинска желба од СДСМ, уште следната недела ќе се договориме за законот за ЈО

Муцунски: Ако има вистинска желба од СДСМ, уште следната недела ќе се договориме за законот за ЈО

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за тоа колкави се шансите за договор со СДСМ за законот за јавното обвинителство.

Реформата на правосудниот систем, каде што и овој закон е многу битен, е од значење за земјите членки на ЕУ и треба да направиме се што можеме да го решиме. Јас сум убеден дека веќе следната недела можеме да имаме решение по тоа прашање, доколку се одлучиме дека сакаме закон којшто е насочен, не кон поединци, туку кон подобрување на состојбите во правосудството. Сепак, за такво нешто треба да има желба и интерес од другата страна, а такво нешто, морам да кажам, досега немало – вели Муцунски.

Сепак, тој вели дека има постојана комуникација меѓу партиите.

Вчера ја добивме верзијата на законот којашто се смета за последна од другата страна и сме во процес на консултација – вели Муцунски.

Прашан за проценка за можност за постигнување договор за законот, Муцунски вели дека е 100 проценти убеден дека може да се донесе закон доколку има согласнст за почитување на Уставот, законите и меѓународните стандарди.