Македонија 03. февруари 2020. / 21:16

МПЗ „Тодор Александров“ реагира на провокациите на Каракачанов

МПЗ „Тодор Александров“ реагира на провокациите на Каракачанов

Македонското Патриотско Здружение „ Тодор Александров “ е против било каква бугарска, српска и грчка пропаганда и е со став дека сите револуционери кои се бореле за Независна Македонија се македонски револуционери и му припаѓаат на македонската историја, а Гоце Делчев е симболот на македонскиот непокор и е македонски револуционер кој својот живот го положил пред олтарот на македонското ослободително дело, се вели во соопштението испратено од здружението.

Оттаму додаваат дека се за добрососедски односи со Бугарија и со сите соседи, но со тоа што Красимир Каракачанов и политичките кругови во Бугарија го негираат македонскиот идентитет само го провоцираат и понижуваат македонскиот народ, а на тој начин  не може да се градат добрососедски  односи, напротив, велат од здружението, дополнително ги влошуваат.

– Македонскиот народ постои и тој факт никој не може да го негира. МПЗ „Тодор Александров“ е против било какво негирање на македонскиот идентитет и е против  штетните договори со Грција и Бугарија се залага за заштита на македонскиот идентитет, историја, јазик и култура. Бугарија има ист став како и Грција и тоа е многу жално и за тоа треба да се страмат бугарските политичари што денес постои еден заеднички грчко – бугарски заговор против Македонија и македонскиот народ за негирање на се што е македонско. Ние Македонците сме посебен народ и тој факт, таа реалност односно вистина треба да ја прифатат и Бугарија, Србија и Грција, велат од МПЗ „Тодор Александров“.

Во однос на српската пропаганда, од здружението сметаат дека таа е многу силна и секогаш работела против македонските национални интереси на многу подол начин. Маѓутоа, велат оттаму, Србија денес не е во таква позиција како Грција и Бугарија, бидејки не е членка на НАТО и ЕУ, поради што не може да не уценува и условува.

– Доколку е во можност Србија односно  српската пропаганда би делувала поагресивно и од бугарската и од грчката пропаганда. МПЗ „Тодор Александров“ во своите изминати активности ги чествуваше македонските револуционери, особено ги прикажуваше српските злосторства и асимилација врз македонскиот народ и борбата за слобода на македонското револуционерно движење помеѓу двете светски војни кои беа затскривани во поранешниот систем, но исто така големо зло направија и грчката и бугарска пропаганда, стои во сооптението.

Изминатиов период МПЗ „Тодор Александров“ претрпе низа внатрешни и надворешни  потреси, поделби  и удари од повеќе страни, но МПЗ „Тодор Александров“ останува на крајно македонски национални позиции и е против било каква српска, грчка или бугарска пропагнада и се залага за заштита на македонските национални интереси.

Од здружението додаваат дека се за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и е за економска, културна сорботка со Бугарија и со сите соседи, но Бугарија, Србија и Грција мора да ја признаат националната посебност на нас Македонците, а не да го понижуваат и негираат македонскиот народ и македонското малцинство кое постои и живее на нивната територија.

– Да е вечно делото на големиот македонски великан Гоце Делчев кој е роден  на 4 февруари 1872 година во Кукуш !!! Да живее Република Македонија и македонскиот народ !!!!!, стои на крајот од соопштението на МПЗ „Тодор Александров“.