Македонија 04. јуни 2020. / 09:55

МПЦ против карантин за задушница: Гробиштата се на отворен простор, нема потенцијална опасност за зараза

МПЦ против карантин за задушница: Гробиштата се на отворен простор, нема потенцијална опасност за зараза

„Гробиштата се на отворен простор, каде што има провев, секој гроб е на 2 метри растојание и според ова, не гледам опасност верниците на задушница да се заразат од коронавурусот“, вели за А1он митрополитот пелагониско-преспански Петар, кој е против да има карантин и полициски час за празникот Задушница.

И покрај големиот број на заболени од Ковид-19 во Бутел, каде што се и градските гробишта, тој смета дека нема  потенцијална опасност за зараза бидејќи бројот на заболените деновиве биле од ифтарските вечери кои се одржувале во затворени простории.

„Се знае дека заболените деновиве се од одредени кластери, распространети по неколку општини како  резултат на контактите на ифтарските вечери. Ифтарите се одржуваа во затворен простор, а Задушница ќе биде на отворено. Не гледам проблем на верниците да им се ускрати правото да оддадат помен на починатите. Ги затворија верниците за Велигден, во ред, молчевме, беше проблем да не се собираат во црквите. Но, сега не е така, затоа сметам дека ако повторно има карантин за задушница е премногу“, изјави митрополитот Петар за А1он.

Свештениците ги повикуваат верниците да се воздржат од раздавање храна, затоа што тоа е народски, а не црковен обичај. Ако се поздравуваат меѓусебно обавезно да ги дезинфицираат рацете и на гробиштата да носат заштитни маски.

„На Задушница обичај е да се ракуваат со поздравот „Бог да го прости“ и нека се ракуваат и прегрнуваат, ние тоа не можеме да им го забраниме и така на гробот ќе бидат луѓето од едно семејство кои секако живеат заедно. Но, секој што ќе дојде на гробиштата треба да носи маска, а на секој гроб да има средство за дезинфекција. На оној гроб каде што верниците не се придржуваат до правилата, свештеникот нема да
одржи помен“, додадава митрополитот Петар.

Целиот текст на А1он може да го прочитате на следниот ЛИНК.