Македонија 04. септември 2018. / 19:56

МПЦ на чекор до автокефалност

МПЦ на чекор до автокефалност

Македонската православна црква може да се надева на афтокефалност доделена од Вселенската патријаршија. Архирејскиот синод на седницата која се оджала претходните три дена одлучил дека без согласност од останатите 14 помесни цркви може да објавува афтокефалност на црквите кои сакаат да добијат независност.

Според пишувањата на руските и грчки медиуми, Вселенскиот патријарх Вартоломеј на седницата на Архиерејскиот синод потсетил дека Руската православна црква без консултации со Вселенската патријаршија со векови располага со Киевската митрополија без согласност на Константинопол. За верските аналитичари, со одлуката на Вселенската патријаршија се отвора патот за независност на МПЦ.

Одлуката за доделување афтокефалност на МПЦ без согласност од останатиот православен свет може да предизвика остри недоразбирања меѓу вселенската патријаршија и руската православна црква, предвидува аналитичарот Ѓорѓевски. Додава дека тоа не претставува опасност за домашната црква бидејќи секогаш постоеле конфликти меѓу православните цркви за кои се наоѓало решение.

Инаку пред да се одржи соборот на Вселенската патријаршија, средба во Истанбул имаа вселенскиот патријарх Вартоломеј и рускиот патријарх Кирил, а по барање на Руската православна црква. Главната цел беше да се убеди вселенскиот патријарх да се откаже од намерата да признае афтокефална црква во Украина.