Македонија 10. февруари 2021. / 18:00

Моторциклистите и МВР разговарале за новите измени во Законот за сообраќај

Моторциклистите и МВР разговарале за новите измени во Законот за сообраќај

Претставници на Мотоциклистичката федерација и мото клубовите „Ноќни волци“ и „Но лимит“ денеска одржаа работна средба со началникот на секторот сообраќај на униформираната полиција во БЈБ Дејан Трајковски и претставници на МВР на која се разговарало за новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот.

На состанокот, како што соопштија од МВР, била презентирана и статистика за бројот на сообраќајни незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а било договрено заеднички да се преземат активности за оваа бројка да се намали.

Учесниците на состанокот предложиле унапредување на соработката меѓу надлежните служби во МВР и претставниците на мотоциклистите, како и да се организираат заеднички едукативни кампањи со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено оние со потешки последици.