Македонија 06. март 2020. / 09:04

МОСТ ќе дискутира за штетното влијание на дезинформациите

МОСТ ќе дискутира за штетното влијание на дезинформациите

Граѓанската асоцијација МОСТ организира панел дискусија на тема „Штетното влијание на дезинформациите“.

Целта е да се дискутираат различните аспекти на дезинформациите и нивното влијание на социјалните мрежи, како и недоволната свесност кај граѓаните за моќта на социјалните мрежи и штетното странско влијание.

Дикусијата се организира во рамки на проектот „Борба со лажни наративи“ и таа треба да придонесе кон зголемување на свесноста за ова прашање и отворање на дебата за тоа како да се изгради отпорност кон дезинформациите.

Настанот, како што е најавено, ќе го отворат претседателот Стево Пендаровски и американската амбасадорка Кејт Брнс. Најавено е учество на претставници од граѓанскиот сектор, институциите и академската заедница.