Македонија 27. август 2020. / 14:53

Момироски: На Дебарско езеро му се случува еколошка катастрофа, а одговорните молчат и си продаваат струја

Момироски: На Дебарско езеро му се случува еколошка катастрофа, а одговорните молчат и си продаваат струја

На Дебарско езеро му се случува еколошка катастрофа а со недели одговорните молчат и си продаваат струја, напиша новинарот Горан Момироски на „Фејсбук“.

Тој дури и предлага песна за директорот на ЕСМ Васко Ковачески, за кој вели, веќе напишал поема за својот партиски лидер.

Во проделжение прочитајте ја поемата на Момироски до Ковачевски и линкот до објавата на Kalin Kalco Mitreski каде што може да се направи споредба помеѓу нормалното ниво на езерото и сегашното ниво на езерото.

„Вода има, струјата поскапе
Риба на суво, потрошувачи во тавче
Извоз туркаме, проценти броиме
ХЦ Шпиље ќе го уриваме
Милијарди кубици испарија
Милиони евра се опарија

#ЕколошкаКатастрофа
#ДебарскоЕзеро
#СпиешЛиМирноКоваческиВаско
#ЛокалПатриозам

Во постот на Kalin Kalco Mitreski може да се види кое е нормалното ниво на езерото
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10220762106977071&id=1069382825 “, стои во постот на Момироски.