Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во интервју за МИА истакна дека ЕУ го поддржува Договорот од Препа, кој претставува компромис со кој се исполнуваат интересите на двете страни.
-Сега има национални процедури за имплементација на договорот што се одвиваваат во двете страни и тоа треба да биде заштитено и почитувано. Ги разбирам чувствителностите и комплексната историска позадина на спорот, како и изразените загрижености. Спорот не постоеше толку долго без причина, меѓутоа, како што видовме во минатото, колку повеќе времето минува, толку е потешко да се изнајдат решенија. Преговарачкиот процес мора да бил болен и резултатот е компромис. Но, е компромис со кој успешно се исполнуваат клучните интереси на двете страни. Нашата позиција е јасна: ЕУ целосно го поддржува постигнатиот договор. Ова е уникатна можност за помирување на Западниот Балкан која можеби нема да се повтори. Се надевам дека сите страни ќе ги зграпчат моментот и дека ќе обезбедат иднина во ЕУ за земјата, иднина која цела нација се надева со години да стане реалност, рече Могерини.
Таа истакна дека поминувањето, регионалната соработка и добрососедските односи играат клучна улога во нивниот ангажман во Западниот Балкан и е клучен принцип на процесот на проширување.
-Решавањето на така тежок спор е од огромна важност за регионот и прилика за напредување по патот кон ЕУ. Ако моментов се искористи мудро за да се напредува во реформите кои се потребни, тогаш пред нас е значаен прогрес. Земјите-членки го отворија патот за старт на преговори во јуни в година, врз база на јасни услови. Ова е дел од нашиот засилен ангажман во регионот, кој е од интерес за сите, и за земјите членки и за регионот, рече високата претставничка.
Могерини истакна дека со Договорот од Преспа би се постигнала поголема стабилност во регионот.