Македонија 08. јуни 2018. / 13:33

МОДОМ: Во никој случај не смее да продолжи трасата за гасоводот

МОДОМ: Во никој случај не смее да продолжи трасата за гасоводот

МОДОМ дава поддршка на еколошките организации и јавно реагира против трасата за гасоводот.

„Кога веќе знаеме дека постои алтернативна траса сметаме дека во никој случај не смее да продолжи уништувањето на Водно.

Водно е едно од најпознатите излетнички места во Скопје, место за рекреација и шума која е дефинирана како заштитен предел со посебни природни карактеристики“ велат од МОДОМ.

Од таму апелираат до надлежните да се промени трасата на гасоводот и да се зачува овој споменик на природата.