Македонија 06. септември 2020. / 09:55

МО организира планинска тура на Бистра во чест на Денот на независноста

МО организира планинска тура на Бистра во чест на Денот на независноста

Министерството за одбрана соопшти дека по повод 8 Септември, Ден на независноста на Репубика С. Македонија, денеска организира планинарење во Националниот парк Маврово.

На планинарењето ќе учествува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Годинава за прв пат Република С. Македонија ќе го одбележи Денот на независноста како земја – членка на НАТО. Затоа мотото на денешното искачување е „Ние сме НАТО“, информираат од Министерството за одбрана.