Македонија 08. јануари 2020. / 20:06

МНР не знае колку македонски државјани се наоѓаат во Ирак или Иран

МНР не знае колку македонски државјани се наоѓаат во Ирак или Иран

Министерството за надворешни работи во моментот не располага со конкретни податоци за бројот на македонските државјани кои се наоѓаат во Ирак или Иран, пишува Курир.

Откако КУРИР претходно побара одговор од Министерството за надворешни работи на прашањето „Колкав е бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во Ирак, за нивната состојба како и евентуален план за нивна евакуација доколку е потребна“ тие со одговор до јавноста дека МНР во моментов не располага со конкретни податоци.

Министерството за надворешни работи во моментот не располага со конкретни податоци за бројот на македонските државјани кои се наоѓаат во Ирак или Иран. Република Македонија нема дипломатско-конзуларни претставништва во односните земји. МНР преку дипломатски канали ги презема сите неопходни мерки и активности за добивање на соодветни информации поврзани со македонски државјани., информираат од институцијата.

Од МНР истакнуваат дека во однос на прашањето на наши државјани со работен ангажман во воените бази во Ирак, МНР не поседува информации од тој тип. Ангажманот кој тие лица го имаат не е во надлежност на Министерството. Постапката при вработувањето се води независно од институциите на Република Македонија. Тие лица конкурираат директно во приватни агенции за работа и имаат склучено договор со надлежните органи на САД или други држави присутни во базите. МНР нема увид во нивните договори, поради заштита на личните податоци, а со тоа и нема евиденција на нивниот број и статус.

До моментов, ниту еден македонски граѓанин кој би можел да се наоѓа во тој регион не се обратил до Министерството за надворешни работи за соодветна помош. За оние кои веќе се наоѓаат во тие земји, како и на поширокиот простор на Блискиот Исток, МНР советува претпазливост и постојано следење на состојбата, а во случај на потреба веднаш да се јават на дежурниот сервис во МНР: +389 75 273 732 или на останатите ГлобалСОС телефони во најблиските дипломатски претставништва на Република Македонија, Анкара +90 539 456 97 10, Истанбул +90 545 614 97 77, Тел Авив +972 737 154 900, Доха +974 665 979 44, Абу Даби +971 564 41 7532. Напоменуваме дека овие броеви се достапни и на „Viber“ или „WhatsApp“ апликациите“, стои во нивниот одговор на поставеното прашање на КУРИР.

Инаку од Од Генералштабот на АРМ за КУРИР кусо потврдија дека во базите во Ирак нема македонски мировници. Пентагон денеска потврди дека ракетите (над 20) се лансирани од територијата на Иран при што се погодени двете бази. Во нападот загинаа околу 80 американски војници.