Бугарија го назначи почнатиот македонски тајкун Орце Камчев за почесен конзул во Македонија и барањето за егзекватура е стигнато во македонското Министерство за надворешни работи, потврдија за СДК од МНР.
Според процедурата, барањето се разгледува во МНР, потоа се бараат мислења од Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство при Владата. Кога ќе се комплетира документацијата, министерот за надворешни работи го предлага кандидатот на странската земја до Владата и ако тој или таа добие одобрение, министерот за надворешни му издава егзекватура, што е слично со агреман за амбасадорите.