Македонија 19. септември 2018. / 11:41

Мнозинството уставни судии не се согласуваат дека одлуката за референдум е неуставна

Мнозинството уставни судии не се согласуваат дека одлуката за референдум е неуставна

Мнозинството од судиите не се согласуваат со предлогот на Гошева, Уставниот суд да поведе постапка и да изрече времена мерка за стопирање на активнпстите за референдумот.

Според уставниот судија Дарко Костадиновски прашањето не е двосмислено и нејасно.

„Предлагачот, односно Собранието, сака да ги консултира граѓаните. Трите прашања срочени во едно, имаат причинско-последични врски. Тоа не ги доведува во заблуда граѓаните. А дали бил надлежен Димитров, не е тема на денешната иницијатива и расправа“, рече Костадиновски.

Со сличен став е и судијата Осман Кадриу, кој оцени дека ниту една одредба од Уставот не е повредена со Одлуката за референдум и најави дека ќе гласа против предлогот на Гошева.

Судијата, Сали Мурати, направи споредба со референдумот од ’91 кога истo така, како што рече, имало повеќе прашања во едно и за него не треба да се проблематизира од уставен аспект.

Судиите Влатко Стојановски, Вангелина Маркудова и Насер Ајдари во дискусијата исто така наведоа дека не треба да се поведе постапка.