Mинистерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи денеска одржа прес-конференција во просториите на МТСП на тема „Криминалите на Мила Царовска“ .
На новинарско прашање за таблата на која пишува Република Македонија, Мизрахи истакна дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна.
– Ќе платам казна од 5.000 евра, но таблата со Република Македонија не ја менувам. Немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија, рече Мизрахи.