Македонија 07. јануари 2020. / 17:33

Мизрахи денеска беше дел од божиќната трпеза заедно со Здружението на лица со церебрална парализа

Мизрахи денеска беше дел од божиќната трпеза заедно со Здружението на лица со церебрална парализа

Техничката министерка за Труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска беше дел од божиќната трпеза во организација на Повардарската епархија и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.

На овој голем ден кога православните верници го празнуваат Божиќ, имав чест да бидам дел од божиќната трпеза во организација на Повардарската епархија и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес. Заслужуваат поголемо внимание од општеството. Тоа се луѓе херои, вистински херои…нивната среќа е најдрагоценото нешто што може да израдува. Среќен Божиќ!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.