Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари, активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За среќа референдумот беше неуспешен.
Еден од следените сум бил и јас. Ви благодарам. Ме запишавте во историјата како борец за Македонија и нејзиното име. И никогаш нема да се откажам од таа борба.
Но, друг ми е муабетот.
Иако денес беше најавена прес конференција на Љупчо Палевски на која беа подготвени папки со документи од прислушкувањето да бидат поделени на новинарите, имаше само две екипи-нашата и на „Лидер“. И една новинарска од друга редакција.
По завршувањето на пресот само две редакции решија да побараат моја изјава, на „Алфа“ и на „Нетпрес“. За Палевски претпоставувам никој сеуште не се потрудил да му се јави.
Не, не ви е Зоран Заев, Сашо Мијалков, Џони, Јовче и редица други виновни што не/ве прислушкуваат. Никој не ви е виновен што живееме во држава во која сосптвеното убедување е криминал и тероризам, Во држава во која демократското право на самоопределувањее право само на оној кој ќе ви се јави по телефон и ќе ви каже како да бидете убедени.
Од новинари ќе ве сведат на држачи на микрофони. Сите нас, цела новинарска фела.
Што се однесува до Зоран Заев, немам што да кажам. Воајер со кого треба да се позанимава психолог. Слушаше 120.000 телефонски разговори за да дојде до власт. Сега слуша новинари и политичари.
Не може Заев ништо повеќе да зборува. Ни за демократијата, ниту за слободата, ниту за институции кои се злоупотребувале, ниту дека немало прислушкување. Заев е диктатор, а државата е позаробена од било кога досега.
Или да бидам попрецизен, државата се претвори во терористичка организација. Организација која тероризира народ, напиша на својот фејсбук профил Александар Митовски.
Митовски: Заев слушаше 120.000 телефонски разговори за да дојде до власт, сега слуша новинари и политичари
