Се потврдија информациите кои ексклузивно ги објави ,,Економски Лидер” дека Митко Јанчев е разрешен од потпретседателската функција на ВМРО-ДПМНЕ.
,,Економски лидер” стапи во контакт со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој за ,,Лидер” ни потврди дека е разрешен од потпретседателската функција.
Не сакам да давам изјава утре ќе дадам соопштение за медиумите, но точно е можам да потврдам дека сум разрешен, изјави Јанчев.
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот состанок ги разреши потпретседателот Митко Јанчев и членот на извршниот комитет Костадин Богданов кој доаѓа од редот на реформаторите.
Како што официјално дознаваме се разгледувала можноста и за вонреден конгрес, но скоро сите делегати му дале поддршка на лидерот Христијан Мицкоски да ја води партијата во овие тешки моменти за Република Македонија.