Македонија 06. март 2019. / 22:54

Мишко Иванов: Оваа влада на СДСМ е катастрофа!

Мишко Иванов: Оваа влада на СДСМ е катастрофа!

Жестока дебата се разви во вечерашното издание на емисијата „Анализа“ на 24 ТВ, во која гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во еден момент, уредникот на емисијата Мишко Иванов, на Николоски му призна дека власта на СДСМ е катастрофа, но дека слично работела и претходната влада.

– Криминална приватизација во времето на Бранко Црвенковски, Заев со „Глобал“, оваа влада е катастрофа! Преспанскиот договор, катастрофа! Единствена добра работа е што ќе влеземе во НАТО, но што кога ќе влеземе безимени, како што велите вие. Јас се согласувам дека СДСМ е навистина, особено на овој делот со непотизам, дека е страшно. Па СДСМ се мали деца во однос на ВМРО-ДПМНЕ за тој непотизам, вие имавте ситуација каде едниот братучед беше премиер а другиот шеф на УБК – му се обрати Иванов на Николоски.

Николоски на ова одговори дека тие се свесни за пропустите од претходно, но актуелното раковотство на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо со овие политики.