Македонија 08. јули 2020. / 15:13

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на низа инвестиции и проекти во образованието

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на низа инвестиции и проекти во образованието

Денеска заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски остваривме средба со просветните работници од ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба.

Овие луѓе велат дека нивната професија била директно на удар поради негирањето на македонскиот јазик и задирањето во идентитетот. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, се надеваат на подобри времиња, поголеми плати и подобри услови за работа. Тие се луѓето врз кои се темели образовниот процес и во нив мора да се инвестира.

Образованието е еден од постулатите на секое развиено општество и ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на низа инвестиции и проекти во однос на образовните капацитети во државата.

Обновата доаѓа! Исправи се Македонијо!

#ОбноватаПобедува #Заокружи14