Македонија 04. февруари 2021. / 12:43

Мисајловски: Владата ја носи државата кон бездна, странски инвеститори бегаат

Мисајловски: Владата ја носи државата кон бездна, странски инвеститори бегаат

Македонија официјално е хибриден режим, кој е еден од најкорумпираните во Европа, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција.

„Ветуваа живот, велеа можеме, секој збор им беше Европска унија, а сега се натпреваруваме на рангирање со Африка. Лидери во корупција и лош живот. Земјава е хибриден режим со причина. Македонија со Заев стана земја на политички затвореници, додека вистинските криминалци се на слобода. Токму затоа „Економист“ цени дека Македонија не е демократија, нема ниту правда ниту мир. Денес нема задоволен граѓанин. Три илјади предмети се заглавени во судските лавиринти, најмалку овие предмети се борба протв корупција, а најмногу граѓански прекршоци, потврдуваат дека нема правда за граѓаните“, рече Мисајловски.

Тој потсети дека во 2020 година сме добиле полоша оценка од 2019 година, и вели дека, од тоа се гледа дека нема подобрување, туку имаме уназадување.

Ова е втор лош резултат, додава тој, кој го дава уледен меѓународен фактор. Потсети дека пред неколку дена на Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл се најдовме на 111 место, во друштво со Монголија. Лошите оценки и реалноста дека тука нема демократија туку режим, како што вели Мисајловски, ни ги брка постојните инвеститори во земјава.

„Пред само неколку дена претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко-напредно производство кажа дека во земјава иако имале свои капацитети, не се одлучиле да реинвестираат многу компании туку заминале во Србија како: Адиент, Кромберт и Шуберт и Аптив. Ова се компании, кои доколку во Владата гледале стабилност, сигурност и правна извесност ќе останеле во Македонија и наместо да инвестираат на непознат пазар ќе го проширеле бизнисот тука“, појасни Мисајловски.

Тој посочи дека која ВМРо-ДПМНЕ, поднесе интерпелација за министрите за борба против корупција и министерот за правда,  од Владата се правдаа дека лошите оценки биле перцепција.

„Денес е јасно дека Владата ја носи државата кон бездна. И оставката на овие двајца министри не е доволна. Владата после вакви катастрофални оценки најмалку што треба да направи е да поднесе колективна оставка. Нема ниту една причина да се губи и краде иднината на граѓаните. На државата и треба пад на оваа корумпираната влада и рестартирање на општеството. На народот му треба надеж, стабилност и порака дека може и мора поинаку. Деновите на Владата се изброени, да се избориме за иднината“, рече Мисајловски.