Водам позитивна кампања во која има околу 1.000 проекти. Нудиме обнова на инфрастуктурата, поголеми плати и пензии. Сакам да ги убедам граѓаните дека има иднината тука и секој да се чуствува подобро, истакна носителот во втората изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на дебата на ТВ 21.
Ветувам проекти кои можам да ги остварам .Не ветувам Клинички центар како вас кој не постои. Дури и автопатот кон Куманово е реконтруиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој градел и имал проекти е ВМРО-ДПМНЕ му објасни Мисајловски на носителот на СДСМ Оливер Спасовски