Македонија 23. јануари 2020. / 22:28

Мисајловски: Со законот за обвинителство СДСМ се труди да го оживее СЈО

Мисајловски: Со законот за обвинителство СДСМ се труди да го оживее СЈО

Во дебатата со министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и Артан Груби во емисијата „Патот кон“ на „Алсат“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, истакна дека политиканството е целосно навлезено во новиот предлог-закон за јавното обвинителкство.

– Гледаме дека политиканството е влезено целосно во овој закон, морам да потенцирам дека со овој закон повторно се инсистира да заживее СЈО, се она што СЈО го правеше, да се прави во посебно одделение. Мислам дека за овој закон потребно е онаа фела за која е однесува целосно да влезе во овој процес , не само политичките партии да прават закони со некои свои политиканства да ги решат, туку да направиме европски закон како што доликува, што сите ќе го почитуваме и да нема никакво политиканство – изјавиМисајловски.

Мисајловски вели дека не треба да се случи повторно истото како во минатото.

– Да се создаде едно чудовиште од СЈО, како што во судовите се заглави со предмети рекетирања и разни случаи, па сега гледаме како државата заглави со криминал и корупција па денеска на „Економист“ сме хибриден режим. Не е само во еден ден да го донесеме законот – потенцира тој.

Мисајловски додаде дека иако Заев беше дел од телото за реформи во судството не наприви ништо, голем дел од фелата се тргна од истото, можеше да се стави тој закон во делот на реформски закони, не се стави, во законот покрај останати забелешки остануваат сите оние плати, трошоци, за коишто и опозицијата и медиумите говореа.

– Ние во Македонија последниве три години се соочуваме со огромен број на скандали и корупција, а нема отпочнат процес, рекетот и корупцијата немаат крај, видовме кој се е вмешан во истите, ние не сме за сите тие процеси да правиме посебни обвинителства и одделенија, затоа ни треба функционален закон, а не хибриден закон – сметаМисајловски.