Македонија 29. март 2020. / 13:34

Мисајловски: Преку иницијативата „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија“ остануваме во контакт со граѓаните

Мисајловски: Преку иницијативата „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија“ остануваме во контакт со граѓаните

Почнуваме со иницијатива “Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”, информира потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Иницијатива преку која овозможуваме контакт со граѓаните, каде ќе може преку електронска пошта на маилот [email protected] да ни праќаат проблеми, нивни мислења и нивни предлози. Сите иницијативни што ќе пристигнат внимателно ќе ги разгледаме, анализираме со комисиите и експертите и ќе понудиме решенија пред институциите со можност да бидат имплементирани.“, објасни Мисајловски.

Како што рече и на прес-конференцијата во вакви времиња на криза и кога останувањето во домовите е една од најважните препораки на експертите за здравје, народот мора да биде слушнат, а за ВМРО ДПМНЕ како партија блискоста со народот му е исклучително важна.