Со денешната прес конференција сакам да предупредам на навистина загрижувачка појава на континуирано и оркестрирано уништување на државните институции, изјави на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Имено во изминативе неколку години, а со исклучително засилено темпо во изминатите неколку месеци се случува процес на оптоварување на државните институции со огромен број на нови вработувања, што се извор и жариште на нов непотизам спороведуван од власта. Сето ова е смислено сценарио, но и аларм со кој власта купува внатрешен мир и тоа кај нивните незадоволни членови, но за сите останати граѓани ќе значи нов финансиски товар и превработени институции. Едноставно ова може да се толкува како отворен поткуп на гласови во пресрет на изборите со државни пари. За ова што говорам сведочат и следниве факти: Само во последните два месеци, откако е договорен датумот за избори, 12-ти април, во администрацијата на сите нивоа во државата се вработени преку 6.000 нови административци. Над 6.000 луѓе само во ноември и декември, без огласите распишани овој месец. Овој месец е распишан оглас за 536 нови работни позиции во Македонски шуми! Во само неколку дена, од 20-ти јануари до сега, ова претпријатие распишува три огласи со кус рок и одеднаш вработува, внимавајте 536 лица! Истакна Мисајловски.
Петстотини триесет и шест лица се бараат и времено да се вработуваат во претпријатие кое мака мачи да ги подмири трошоците и да исплати плати на своите вработени. Претходно имаше огласи за стотици нови вработувања во ЕЛЕМ,во МЕПСО, во Царина, во Градот Скопје со нивните јавни претпријатија, рече тој.
Ова почитувани значи отворена корупција, отворено купување гласови, но и знак дека власта знае дека ја чека пораз и затоа крши закони. Ова е игра со граѓаните, игра со чувството и потребата на човек за да работи и заработи. Ова е залажување на граѓаните кои се во незавидна положба да прифатат вработување на определено време, со надеж, дека ќе бидат вработени и трајно доколку го поддржат тој што овие три години ги држи во таква незавидна позиција. Ова е класична корупција, но и партизација, политизација на администрацијата, за што укажува и Европската комисија во своите препораки. Ова е скандал за којшто институциите мора да реагираат. Државната антикорупциска комисија мора да реагира и да ги сопре овие прекршувања на изборниот процес. Ова е поткуп на гласачите. Тука има директно влијание врз граѓанинот – поединец, потенцираше тој.
СДСМ е изворот на сите порази, измами и криминали во државата и затоа на 12-ти април ќе понесе одговорност! Заев и СДСМ никогаш повеќе! Додава Мисајловски.