Македонија 10. јуни 2020. / 11:39

Мисајловски: Од сите нас зависи да победиме, бидејќи власта одамна не остави сами на себе

Мисајловски: Од сите нас зависи да победиме, бидејќи власта одамна не остави сами на себе

За жал не престануваат ,,позитивните вести,, за нас !?! Не ни треба политиканство, ни треба разум и колективна борба од сите нас против вирусот за да не останеме изолирана земја во целиот регион, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на „Фејсбук“.

Македонија не смее да биде изолирана од земјите од ЕУ, како што е во моментов од скоро сите земји на Балканот.

Од сите нас зависи да победиме, бидејќи власта одамна не остави сами на себе, смета Мисајловски.