Македонија 11. јули 2020. / 13:11

Мисајловски од Бутел: Уште малку остана до крајот на СДСМ и Зоран Заев

Мисајловски од Бутел: Уште малку остана до крајот на СДСМ и Зоран Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 2, Владо Мисајловски, утринва имаше средба со жителите на општина Бутел.

 Утринава се одржа еден убав хепенинг со граѓаните на општина Бутел. Поразговаравме за изминатите денови во изборната кампања, разменивме искуства и дискутиравме за очекувањата од изборниот ден. Заклучивме дека Бутел е спремен за најголемата победа на ВМРО-ДПМНЕ која ќе се случи на 15-ти јули. Бутелчани јасно порачаа дека сакаат промени и обнова на Македонија, и таа ќе се случи многу наскоро. Уште малку остана до крајот на СДСМ и Зоран Заев – порача Мисајловски.