Носителот во изборната единица 2, Владо Мисајловски денеска беше во Автокоманда, каде што со
кандидатот за пратеник во ИЕ2 Жаклина Пешевска ги посетија дуќанџиите.
Како што пишува Мисајловски на „Фејсбук“ оваа категорија на граѓани, поради економската криза која што владее во државата, се сериозно загрозени.
Дуќанџиите во разговор со Мисајловски и Пешевска се пожалиле дека државата не ги стимулирала на никаков начин и сега едвај врзуваат крај со крај. Се трудат да бидат позитивни и искрено се надеваат на подобри времиња.
Се согласивме дека оваа власт трета година по ред докажува дека граѓаните и нивните проблеми не им се приоритет, туку нивната енергија ја насочуваат кон договарање зделки кои ги задоволуваат нивните лични потреби. На таквиот пристап мора да му дојде крајот. Секој граѓанин заслужува шанса да работи и чесно да заработува.
Обновата мора да се случи во сите слоеви на општеството и ние се обврзуваме на тоа. Обновата доаѓа! ??
#Заокружи14 #ОдбериОбнова, напиша Мисајловски на „Фејсбук“.