Македонија 27. април 2020. / 10:11

Мисајловски: Македонија влегува во економска криза, а Владата не знае да се справи

Мисајловски: Македонија влегува во економска криза, а Владата не знае да се справи

Утринава во емисијата „Утрински брифинг“, свое вклучување имаше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој посочи дека граѓаните покрај пандемијата ги мачи и економската криза.

Како што истакна Мисајловски, тоа е така затоа што економијата не блеска како што тврдеше власта.

Освен здравствена криза, мора да признаеме дека државата влага во голема економска криза. Фалат пари во Буџетот, имаме голема дупка, како да се обезбедат средства. Ние како партија повикувавме многу пати да се обезбедат и кредити, да се земат што е можно побргу. Но за жал власта не послуша и не се случи – појасни Мисајловски.

Мисајловски истакна дека не се знае дали ќе има доволно средства во буџетот и потенцира дека тоа се многу важни прашања кои во наредниот период треба се решат.

Тој, исто така, се осврна и на милионите потрошни од страна на власта за вработување на партиски кадри по локалните самоуправи во време на вондредна состојба.

Треба многу подобро да се постават работите и да не се прави нешто само за политички поени. Владата секој ден излегува на 2-3 прес конференции каде што кажува какви мерки се носат, што треба да се крати од сите институции, а од друга страна имаме привремени вработувања од пола милион евра во Бутел, во Гази Баба и да не ги набројувам – истакна Мисајловски.