Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска заедно со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски по повод 2 август, празникот Илинден, заедно оддадоа почит и положија цвеќе пред споменикот на македонскиот национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто кој што се наоѓа на плоштадот „Македонија“.
На својата официјална Фејсбук страница, Мисајловски сподели фотографии од денешниот настан и им го честиташе празникот Илинден на сите Македонци.
Во продолжение може да ја погледнете неговата објава.