Македонија 17. јули 2020. / 13:50

Мисајловски: Ги победивме во ИЕ2 и покрај поткупот и репресиите

Мисајловски: Ги победивме во ИЕ2 и покрај поткупот и репресиите

Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во ИЕ2, порача претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ, на чело со премиерот на државата, и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме – изјавив Мисајловски.

Мисајловски исто така истакна дека актуелните резултати во однос на мандатите се исход од најголемиот фалсификат во историјата.

Сепак, за мене е важна поддршката од сите граѓани кои веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата која секогаш продолжува – порача Мисајловски.