Македонија 07. септември 2020. / 12:47

Мисајловски: Добивме режим и мафија на власт – време е за улица!

Мисајловски: Добивме режим и мафија на власт – време е за улица!

Добивме режим и мафија на власт. Време е за улица, порачува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

? Добивме влада – дивоградба

? Мафијата продолжи да владее.

? Банкротираше банка, а економијата во колапс.

? Преку 40 илјади луѓе ги изгубиле работните места.

? Криминал и корупција или СДСМ и ДУИ стана едно исто.

? Уште во првата недела преку соопштенија и изјави почнаа да ги диктираат судските нарачки и какви обвиненија ќе спремаат.

? Јавно обвинителство под целосен диктат на власта.

? Земјоделците оставени сами на себе.

?Ја поскапеа струјата.

?Ја покачија акцизата и горивото.

?Се срамат да кажат Македонија или македонско.

? Повеќе за нив нема македонска држава туку сега ја нарекуваат нашата татковина.

? Нема веќе македонски производи туку сега го нарекоа купувај домашно.

? Имавме наместени и украдени избори со невиден поткуп.

? Од карантинска земја станавме експериментална земја каде што здравствени и економски мерки се носат само за потреба на поткуп на избори, или за придобивање на политички поени.

? Во вонредна состојба си делеа лиценци за марихуана.

? Го сменија изборниот закон последниот ден на вонредната состојба без консултација со опозицијата за да добијат повеќе минути за рекламирање.

? Невини луѓе ставаат по затвори додека мафијашите се богатат.

? Променија име продадоа историја.

? Измислуваат неуставно гласање на пратениците од дома затоа што неможат да соберат кворум, па наоѓаат изговор со вирусот, а од друга страна децата ќе можат да одат на настава или работниците во фабриките ќе држат смени, напиша Мисајловски.

Тој вели дека има и  уште многу, многу неправди.

Добивме режим и мафија на власт. Време е за улица !!! ДОСТА Е !!!!, порача Мисајловски.